Премиерот Зоран Заев во гостување во дневникот на Сител кажа и дека конктатирал луѓе од тајни служби низ светот за набавка на вакцини.
– Фајзер договорот е потпишан. До крајот на март 21.000 вакцини ќе стигнат. Од април мај почнуваат да стигнуваат поголемите количини. Преку Ковакс очекуваме 20-30.000 да стигнат до крајот на март. Во март очекуваме да стигнат и кинеските. Работите зависат од севкупните количини произведени во светот. Последните писма ги испратиме до АстраЗенека, Австрија. Иако претходно контактиравме и со АстраЗенека, Британија. Вртев и по тајните служби да помогнат, луѓе кои биле дипломати, сега се шефови на МИ6 и слично – кажа Заев.
Тој рече дека Србија прва набавила толку голем број на вакцини бидејќи таа е држава е воено неутрална.
– Ние согласно европските закони сме комплетни и земја-членка на НАТО. Ние сме поразлични од Србија зашто нашиот народ одлучил. Ние сме про НАТО, но во Србија граѓаните не се доминатна про НАТО ситуација. Нашите одлуки ги носиме согласно нашите стратешки определби – рече Заев.
Тој додава дека поради ова имале можност да склучат договори со производителите на вакцини кои доаѓаат од земји надвор од ЕУ и НАТО, како што се Русија и Кина.
– Ние не можевме тоа да си го дозволиме и отворено зборуваме поради тоа што сме членка на НАТО и треба да ги следиме примерите. Откога светот виде дека има недостаток на вакцини од западниот свет, значи, од САД, Велика Британија, Германија, тогаш генерално се развија политики и стратегии дека ова е суверено право и ние веднаш постапивме. Односно, веднаш ги направивме нарачките од Кина и од Русија – вели Заев.
Премиерот негира дека Кина се понудила да донира 200.000 вакцини.