Заев во нова, страшна „бомба”: Он бара 6 милиони евра, јас влегувам во оваа работа!

„Совет ми даде, што да правам, бара пари, значи он ќе рече 6 милиони евра, 6 милиони евра, викам важи, јас влегувам во оваа работа", вели Заев.

22,743

Нова аудио снимка се појави на Јутјуб на која се слуша гласот поранешниот премиер Зоран Заев. Тој зборува за рекетарската шема што наводно ја плете Васил Димишков, брат на судијката Весна Димишкова.

Во една од претходните бомби се слушна како Димишков бара 6 милиони евра за бизнисмен да биде пуштен на слобода. На телевизискиот дуел со Христијан Мицкоски, Зоран Заев нагласи дека сигурно не се познава со адвокатот Васил Димишков. Ова е тој дел од дуелот:






Но, „бомбата” која е објавена денеска сведочи дека Димишков и Заев сепак се познавале. Во овој разговор, Заев вели дека во еден период се појавил Васко, на Димишкова брат.

„Совет ми даде, што да правам, бара пари, значи он ќе рече 6 милиони евра, 6 милиони евра, викам важи, јас влегувам во оваа работа”, вели Заев.

Се чини дека Заев треба да објасни зошто не ја зборуваше вистината кога пред неколку дена тврдеше дека сигурно не го познава  адвокатот Васил Димишков. Од најновата снимка се гледа дека Заев знаел и за рекетот од 6 милиони евра.

Најважно од сė, потребно е Зоран Заев да ја објасни и својата последна реченица, во која експлицитно вели: „Викам, важи. Јас влегувам во таа работа”. Во каква работа влегува Заев? Како влегува? За што кажал Заев „важи”?

Дел од медиумите кои ја објавуваат снимката тврдат дека таа е директен доказ дека Заев лично се вмешува во рекетот. Се очекува изјава на Заев.

Поврзани содржини