ЗАЕВ ВЧЕРА ЈА УБИ ДЕМОКРАТИЈАТА Киднапира пратеник за да се задржи на власт

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека владеачкото мнозинство има 59 пратеници, а власта е делегитимирана.

1,325

Требаше да киднапираат пратеник само за да опстои владата, реагира ВМРО-ДПМНЕ по вчерашните случувања во собранието и обидот да се дискутира и гласа за соборување на владата.

– Зоран Заев е најлошото за Македонија. Власта не покажа дека има мнозинство, владата на Заев е единствена која немаше пратеници да ја бранат. Владата на губитникот Заев е делегитимирана. Заев има само 59 пратеника плус еден киднапиран пратеник. Вчера мораше да киднапира пратеник, за да може да продолжи да краде. Цел ден се држеше во заложништво пратеник, кој на крај не се појави во собранието, туку беше пуштен преку видео после сите стравувања за неговата безбедност – велат од патријата.






ВМРО-ДПМНЕ смета дека вчера Заев ја уби демократијата во државата.

– Со недемократски методи на владеење ќе тонеме на листите на релевантните меѓународни институции како Транспаренси или на листите на списанијата како Економист. Земјата не смее да биде заложник на интересите на една тесна клика на луѓе – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини
na