Утринава беше тестиран и премиерот Оливер Спасовски и се чекаат резултати кои јавно ќе бидат објавени штом бидат готови, а какви и да бидат одлуките и препораките на експертите тие ќе бидат почитувани, рече лидерот на СДСМ Зоран Заев на прес конференција.
Тој рече дека во самоизолација се и Дамјан Манчевски, Мила Царовска, Маријан Забрчанац и Славјанка Петровска кои имале контакти со заболените.
Тој ппотенцираше дека во СДСМ се почитуваат сите протоколи за заштита од коронавирусот.