ЗАЕВ УТРЕ ЌЕ ГО ПРОМОВИРА НОВИОТ МАНДАТАР? На средбата со Гаши ќе има место за тројца
Средбата ќе се одржи во 15:30 часот во Клубот на пратеници, а се очекува Заев и Гаши да разговараат за тоа дали четирите пратеници од Алтернатива ќе станат дел од парламентарното мнозинство.
Премиерот Зоран Заев утре на средбата со лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, нема да дојде сам, туку ќе се појави со новиот мандатар и веројатно новиот лидер на СДСМ, објави ТВ21 повикувајќи се на високи партиски извори.
Средбата ќе се одржи во 15:30 часот во Клубот на пратеници, а се очекува Заев и Гаши да разговараат за тоа дали четирите пратеници од Алтернатива ќе станат дел од парламентарното мнозинство.
Понудата од премиерот ќе биде разгледувана во органите на Алтернатива следниот вторник, за кога е најавено дека ќе се одржи состанок на централното раководство.
Ако Алтернатива стане дел од владата, тогаш мнозинството ќе има 64 пратеници, два поеќе отколку што имаше до неуспешниот обид на опозицијата да изгласа недоверба на владата.