Заев: Јуни е најприкладен период за избори
Посочувајќи дека се потребни соодветни рокови за подготовка на избори, тој истакна дека во уредбата е наведен 21 ден од завршување на вонредна состојба и оти токму затоа се прави лидерска средба.
Демократски треба да постигнеме здраворазумски договор за одржување на изборите, но, не верувам дека ќе имаме вака прикладен период, како сега во јуни, секако под услов кризата со коронавирусот целосно да биде одмината. Сите земји го избегнуваат јули, затоа сметам дека јуни е поприкладно да се одржат изборите, секако со договор, истакна претседателот на СДСМ Зоран Заев, во емисијата „На прав пат“ на Алсат телевизија.