Заев тврди дека има пасоши, ама имало и навала

За регистарските таблички, Заев рече дека 14.000 веќе се пуштени, а во петок стигнуваат нови 30.000.

378

Во државата веќе се издаваат два милиони документи електронски месечно, а ние сакаме да се издваат 20 милиони. Тоа е целта за 2022 година, изјави вечерва премиерот Зоран Заев во емисијата „Топ Тема“.

Во однос на неиздавањето документи, Заев уверува дека се издаваат и додаде дека ги има сите обрасци. Тој потсети дека вчера и денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски дал прецизни изјави за оваа тема.






– Објаснето е детално. Имаме навала на вадење документи зошто сега се отворија границите, по една година од пандемијата – изјави Заев.

За регистарските таблички, Заев рече дека 14.000 веќе се пуштени, а во петок стигнуваат нови 30.000.

-Тендерски процедури се и се запазуваат, има постапки на жалби и сл. Ние немаме проблем. Не е до парите, не е до тоа дали имаме ресурси – рече Заев.

Заев рече дека се уште германскиот оператор кој работи од 2011 или 2013 година кај нас, до крајот на годината има договор за работа. Најави дека во второто полугодие од оваа година почнуваат постапките за избор на оператор за пасоши, лични карти.

– Дадовме упатства за јавно-приватно партнерство за да не инвестира државата. Граѓаните секако плаќаат, а контролата секако ќе ја има државата. Верувам дека ќе имаме успешни тендери, со најмодерни и најквалитетни вакви документи до крајот на годината за да може во 2022 година барем во првото тромесечие да почнеме со емитувањето на новите документи – рече Заев.

 

Поврзани содржини