ЗАЕВ ТВРДИ ДЕКА АРСОВСКА ПОСЕДУВА БУГАРСКИ ПАСОШ Тоа е понижување, очекувам да се повлече од кампањата

Тврдам дека Данела Арсовска е државјанин и на Бугарија. Проблемот е политички, етички, нечесен. Мора да им кажете на своите граѓани, вели Заев.

1,485

Премиерот Зоран Заев тврди дека информацијата објавена од претставниците на неговата партија СДСМ, во врска со бугарскиот пасош на Данела Арсовска, кандидатката за градоначалник на Скопје поддржана од ВМРО-ДПМНЕ е точна.

– Скопјани верувам дека нема да дозволат да бидат иманипулирани. Во живот ако се определите да бидете претставник на странска држава тогаш тоа го работите. Не можете да биде претставник на странска држава, а да водите влада во влада. Вториот дел е што Арсовска е државјанин на друга држава – вели Заев во изјавата дадена за „Утрински брифинг“.






Тој додаде дека вистината ќе излезе на виделина, како и дека Арсовска досега не дала чист демант.

-Многу е сериозна оваа работа. Таа не демантира. Чист демант нема. Вистината ќе излезе до крај. Во Скопје се бира градоначалник, кмет се бира во Бугарија. Имало Скопје кмет 1941 но овде бираме градоначалник. Тврдам дека Данела Арсовска е државјанин и на Бугарија. Проблемот е политички, етички, нечесен. Мора да им кажете на своите граѓани – вели Заев.

Премиерот очекува Арсовска да се повлече од градоначалничката трка, доколку го сака својот град.

-Очекувам Аровска да се повлече веднаш, ако малку си го сака Скопје и скопјани. Ова е понижување – додаде Заев.

Поврзани содржини