Заев: Телеграм конечно презеде чекор за „Јавна соба“, но да останеме будни

Апелирам да останеме сите будни и одговорни, имаме уште многу заедничка работа во искоренувањето на ова зло, напиша Заев.

401

Имаме мал но значаен успех, покрај приведувањето на дел од осомничените лица, напиша премиерот Зоран Заев на Твитер.

„Телеграм конечно презеде чекор и ја затвори групата „Јавна соба“. Апелирам да останеме сите будни и одговорни, имаме уште многу заедничка работа во искоренувањето на ова зло“, напиша Заев.






Министерот за внатрешни Оливер Спасовски, претходно вечерва објави на Фејсбук дека од Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика е информираа дека групата „Јавна соба“ е затворена.

– Го поздравувам ваквиот чекор на платформата Телеграм и порачувам дека оние што го прекршиле законот ќе бидат казнети бидејќи ние целосно ги документираме случаите. Истовремено, апелирам за внимателност бидејќи на платформата Телеграм има и друга слична група и ние соодветно ќе постапиме и за членовите на оваа група, напиша Спасовски
Поврзани содржини