Заев: Спремен сум за одложување на пописот
Го видов и предлогот на претседателот на државата Пендаровски да се одложи пописот за некој месец. Во ред, јас сум секогаш спремен, сè е вредно за размислување, рече премиерот по предлогот на претседателот Стево Пендаровски да се одложи пописот.
Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција, по новинарско прашање за предлогот на претседателот Стево Пендаровски за тоа да се одложи пописот, истакна дека тој е спремен на такво нешто.