Заев: Со третиот пакет мерки ќе ја поддржиме домашната економија и нејзина трансформација

Ја поздравувам одлуката на Владата да усвои голем дел од нашите предложени мерки. Со третиот сет треба да се помогне на секому на кому му е потребна помош, да се овозможи заживување на економијата преку директна поддршка на граѓаните и стопанството – изјави Заев.

379

При креирањето на третиот пакет помош, економскиот совет на партијата се водел според принципите да се помогне секому на кого му е потребна помош, динамичен раст и градење на нова развојна македонска економија базирана на иновативни решенија, рече на денешната прес-конференција лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

– Ја поздравувам одлуката на Владата да усвои голем дел од нашите предложени мерки. Со третиот сет треба да се помогне секому кому му е потребна помош, да се овозможи заживување на економијата преку директна поддршка на граѓаните и стопанството – изјави Заев.






Тој додаде дека треба да се стимулира динамичен раст и градење на нова развојна економија базирана на иновативни решенија, затоа што оваа здравствена криза ги ставила на тест, како нас, така и целиот свет.

– Ние на ист начин се справуваме и со економско-финансиските последици кои оваа криза ги донесе со себе, па ќе се обидеме да ја претвориме во нова можност за структурни и системски промени и раст. За модернизирање на македонската економија и за зголемување на нашата конкурентост во регионот и поширокот – вели претседателот на СДСМ.

Новиот трет сет мерки ќе опфати 730.000 корисници и е во износ од 355 милиони евра, а заедно со првите два пакети мерки станува збор за вкупно 555 милиони евра или 5,5 проценти од БДП-то на нашата земја.

– Се работи за директна финансиска поддршка на граѓаните за зголемување на потрошувачката, директни капитални инвестиции, директна поддршка на стопанството, земјоделството, туризмот и угостителството, но и награда за најизложените здравствени работници во знак на благодарност за нивната работа – рече Заев.

Со реализацијата на овој пакет мерки ќе се поттикне приватната потрошувачка, зголемена конкурентност на нашите компании на домашно и регионално ниво. Трансформација на дел од економијата со воведување на ИТ и друга технологија во нивното работење. Формализација на дел од неформалната економија и зголемена употреба на безготовниското плаќање, како инструмент за сузбивање на сивата економија.

– Преку издавањето на платежни картички за граѓаните ќе се поттикне поголема потрошувачка, а со тоа и развој на домашните економски дејности. Со воведувањето на овие картички вредни 9.000 денари за околу 100.000 граѓани ја стимулираме потрошувачката на домашните производи и услуги со директна парична поддршка од државата преку потрошувачка на граѓаните – вели претседателот на СДСМ.

Сите останати граѓани, може да ја користат мерката викенд без ДДВ. Државата се подготвува на крајот на август да испорача нова помош, бидејќи сите согледувања кажуваат дека поддршката треба во континуитет да продолжи.

– Да ги искористиме нашите потенцијали и да го споиме со нови технологии и знаења. Производство на нови продукти, проработувачки капацитет на земјоделски гранки за зголемување на конкурентноста и продуктивноста. Уште сега преземаме активности за следната берба и пласман на винското грозје, ќе правиме алкохолен дестилат и со тоа го решавање пласманот на грозјето. Тоа е нешто што ќе се случува септември и октомври – изјави Заев.

Убедени сме дека преку реализација на овие мерки ќе одржиме лекција за суштинска трансформација на економијата. Покажавме дека можеме да се избориме со здравствена криза и дека може да се справиме со економските последици и дека е ја вратиме на прав пат, додаде тој.

Поврзани содржини