ЗАЕВ СО ОЦЕНКА „УМЕРЕНО“ ЗА ПРАВОТО И БОРБАТА СО КОРУПЦИЈАТА ОЧЕКУВА ПОЧЕТОК НА ПРЕГОВОРИ Реформите, сепак, се континуиран и долг процес

Премиерот смета и дека извештајот потврдува дека чекориме силно на европскиот пат.

229

Евроамбасадорот Дејвид Гир денеска го предаде извештајот на Европската Комисија за прогресот на земјава, кој во целост го потврдува напредокот на кој посветено работиме, напиша на Фејсбук премиерот Зоран Заев.

Премиерот смета дека Извештајот ја нагласува цврстата и одлучна имплементација на ЕУ реформите, особено во клучните области како што се владеење на правото, вклучувајќи ја и борбата против корупцијата и организираниот криминал.

„Врз основа на тоа, во извештајот се препорачува итен почеток на преговори за пристап кон членство и прва меѓувладина конференција до крајот на годината за време на словенечкото претседателство. ЕК во извештајот потенцира дека реформите се континуиран и долг процес кој не треба да биде прекинат и кој бара посветеност и од опозицијата и од другите делови на општеството“, пишува Заев.

Премиерот смета и дека извештајот потврдува дека чекориме силно на европскиот пат.

„Тоа е единствениот пат кој носи европски стандарди и подобар живот“, пишува Заев.

 

Поврзани содржини
na