Заев со нов предлог за изборите: Гласањето да почне во 6 часот, а да заврши во 22 часот
Тој истакна дека се согласува со продолжување на изборниот ден.
Лидерот на СдСМ, Зоран Заев, во вечерашното гостување во емисијата „Топ тема“ на Телма произнесе нов предлог околу одржувањето на предвремените парламентарни избори во јуни годинава.
Тој истакна дека се согласува со продолжување на изборниот ден.
– Летото почнува на 21 јуни, па тогаш зошто гласањето да не почне во 6 часот наместо во 7 часот, и зошто да не трае до 22 часот вечерта или до 21 часот? На тој начин ќе се добијат уште три до четири часа за спроведување на изборите – рече Заев.