Заев: Со над 3 мандати го „шиеме“ ВМРО-ДПМНЕ

Излегоа граѓаните и гласаа за заедништво и солидарност, за ред и за правда, за подобро денес и подобро утре. Имавме избори како што доликува на земја членка на НАТО, мирни достоинствени, слободни и современи. Ви благодарам на сите - рече Заев.

1,302

Успеавме, народе мој. Со убедлива и стабилна предност од над 3 мандати пред ВМРО-ДПМНЕ, со можност за еден или два за уште повеќе, нашата коалиција е победник на овие избори. Го шиеме ВМРО-ДПМНЕ. Најголемата, најразноликата и победничка, тоа е „Можеме“. Вака лидерот на СДСМ, Зоран Заев, ја започна вечерашната прес-конференција.

– Излегоа граѓаните и гласаа за заедништво и за солидарност, за ред и за правда, за подобро денес и подобро утре. Имавме избори како што доликува на земја членка на НАТО, мирни достоинствени, слободни и современи. Ви благодарам на сите – рече Заев.






Тој додаде дека граѓаните се победници и дека денеска победи иднината.

– Има една стара поговорка која вели „како ќе си постелиш, така ќе си легнеш“. Така е и вечерва. Сите учесници на денешните избори добија порака од гласачите како ги спроведуваат своите политики. Среќен сум што граѓаните ги препознаа нашите добри политики. Време е сите мрачни и назадни концепти да завршат во минатото, а партиите кои нудеа вакви политики да започнат процес на обновување. Патот е исправен, но мора да се работи уште повеќе и уште подобро. Ве уверувам дека ќе продолжиме тоа да го правиме и во иднина, со многу научени лекции и со многу решени проблеми. Следува раст на платите. Следува масовно чистење на воздухот, водата и почвата. Следува еко-држава. Подаваме рака на секој кому му е потребна помош. Следува уште подобра заштита на јавното здравје. Следуваат преговори со ЕУ. И конечно, следува правда – порача Заев.

Предизвиците се преголеми, додаде тој, но уште поголема е мотивацијата на мојот тим.

– Сега ве повикувам на ангажман. Одморете се летово, а наесен сите заедно да ги засукаме ракавите и да сработиме. Ве повикувам на учество, вие сте потребни, успехот ќе биде поголем само ако на правиот пат се приклучат уште повеќе граѓани. Да работиме двојно повеќе и само така ќе постигнеме двојно повеќе. Нека е честита победата. Да живее Северна Македонија! – рече Заев.

За тоа кој ќе биде партнер во Владата, Заев рече дека ќе мора најпрво да ги дознае конечните резултати.

Заев вети дека следува правда.

– Добро знам дека тивкиот глас на многумина од оние кои не излегоа да гласаат е став кој бара токму правда. Го слушнав и тој став иако тивок и на тој став му порачувам – ќе има правда. И му порачувам: твојот став ќе можеш да го кажеш на следните избори. Стојам со мојот тим и се обврзуваме да работиме макотрпно за економија и правда – рече Заев.

Поврзани содржини