Заев со ироничен коментар за аудио снимките: Конечно сфатив кој ги објавил!

Тој рече дека снимките сигурно ги објавил некој кој е задолжен за ПР-от во Владата или во партијата СДСМ.

4,292

Откако порталот „Инфомакс“ објави четири аудио-записи од разговор на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, со непознат соговорник, а во кои може да се слушнат муабети за изборите во 2016 година, за СЈО, како и за бизнисменот Орце Камчев, на својот Фејсбук профил со краток ироничен статус се огласи самиот Заев.

Тој рече дека снимките сигурно ги објавил некој кој е задолжен за ПР-от во Владата или во партијата СДСМ.






„После внимателно и детално размислување за тоа кој би бил мотивиран да ги пушти овие денешни разговори во јавност, конечно сфатив. Јасно е. Мора да е или Ацко Поповски, шефот на ПР на СДСМ или Марјан Забрчанец, шефот на ПР на Владата. Мора да е некој од нив двајца. Нема кој друг да е мотивиран да пушти вакви разговори во јавност. Тие се задолжени и тие најмногу работат за афирмација на нашите политики и ставови“, напиша Заев.

Од партијата на Христијан Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ, пак, реагираа дека Заев го пцуе својот народ и открија дека разговорот бил направен пред Заев да биде избран за премиер.

„Заев го пцуе народот и порачува ‘е**м ти таков народ’ ако и на изборите во 2016 година не гласа за него“, се наведува во една од реакциите на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини