Заев слушнал дека Фрчкоски ќе биде амбасадор во Њујорк

3,534

Премиерот Зоран Заев тврди дека од медиумите слушнал дека името на професорот Љубомир Фрчкоски „се врти“ за амбасадор, ама не за Вашингтон.

– Јас пак слушнав дека Фрчкоски е за Њујорк, а не за Вашингтон. За еден амбасадор прво се носат одлуки на Влади, па се добива агреман од претседателот, па агреман од земја-домаќин. Морам да ви потврдам дека ниту Владата ниту друга институција не коментира амбасадори додека не завршат постапките, за било која земја. Тоа сме го правеле дури и за конзули, а не пак за амбасадори – рече Заев.






И шефот на дипломатијата Бујар Османи вели дека за имиња на амбасадори ќе се коментира откако ќе се добие агреман и тврди дека никогаш Министерството за надворешни работи нема споменато дека има таков кандидат.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен министер за надворешни работи Антонио Милошоски вчера на својот профил на Фејсбук  напиша дека САД јасно му порачале на премиерот Заев дека се против предлогот Фрчкоски да биде амбасадор во Вашингтон.

Поврзани содржини