Слобода и придобивка е јавното несогласување помеѓу претседателот на државата Стево Пендаровски и министерот за здравство Венко Филипче. Вака премиерот Зоран Заев го коментира несогласувањето меѓу Пендаровски и Филипче во врска со вакцинирањето на граѓани на Македонија во Србија.
– Тоа што се случи претседателот и министерот е слобода , слободата е придобивка. Порано беше мисловна именка да не се согласуваат. Здраво е да имеме несогласувања, но тоа не значи дека не се почитуваме. Нападот е навистина несоодветен, но не ни е лесно никому. Од старт објаснивме дека слободниот избор е неприкосновен за граѓаните но државата во тоа нема да учествува оти не може за тоа до носиме одговорност. Може поединечно да одат, но како институции не. Мисловна именка бешјавно да не се согласат министер и претседател, но еве тоа сега се случува – вели Заев.