ЗАЕВ СИ СКИНА ЈАБОЛЧЕ Преспанскиот јаболкобер може да започне (ФОТО)
Премиерот посочи дека оваа година и покрај коронакризата и глобалната економска криза, државата ги исплатила субвенциите за овоштарство во износ од околу 9,5 милони евра.
Да продолжи афирмацијата на надалеку прочуеното преспанско јаболко и неговите вредни производители, агротуризмот, стопанските и културните достигнувања во организација на локалната самоуправа. Владата и Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство ги креираат сите неопходни политики за поддршка на земјделството, па така и за стимулирање и развој на овоштарството. Тоа го правиме во контиунитет во двата мандати на оваа Влада, порача денеска премиерот Зоран Заев на отворањето на традиционалната манифестација „Преспански јаболкобер“ во Ресен.
– Во 2018 година, за 20 отсто ги зголемивме субвенциите за одржување на овошни насади за земјоделците со развоен капацитет, а субвенцијата за предадени јаболка се зголеми од 2 на на 3 денари по килограм. Во 2019 година субвенцијата за одржување на насади е повторно зголемена и тоа од 33.000 денари на 41.000 денари по хектар. Дополнително, кај оние овоштари кои имаат од 1 до 5 хектари поддршката порасна од од 39.600 на 50.000 денари по хектар. За да ги охрабриме и поддржиме овоштарите кои имаат насади во подрачја со ограничени можности во области над 700 метри надморска височина, субвенциите ги зголемивме за дополнителни 15 отсто, односно поддршката изнесува 57.500 денари по хектар – рече Заев.
Премиерот посочи дека оваа година и покрај коронакризата и глобалната економска криза, државата ги исплатила субвенциите за овоштарство во износ од околу 9,5 милони евра. Во подрачните едници на МЗШВ поделени се картичките за зелена нафта, со што, како што рече, помагаме да се намалат производствените трошоци.
– Успешно ја реализиравме мерката рурална жена. Потпишани се 250 договори со вкупна вредност од околу 37.000.000 денари. 265 млади земјоделци добија грант од по 20.000 евра. Вкупната вредност на оваа мерка е 3,1 милиони евра. Реализацијата на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2021 година исто така бележи висок степен на реализација од почетокот на годината и континуирано досега. Само во првите два квартали објавени се седум јавни повици за финансиска поддршка – нагласи Заев.