ЗАЕВ СИ КУПИЛ БМВ ОД 100.000 ЕВРА? Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вели дека надменоста на премиерот ќе му се удри од глава
Ароганцијата на Заев е видлива. Надменоста со која гледа над народот ќе му се удри од глава. На 17 октомври народот ќе му го каже одговорот на прашањето што мисли додека тој нема леб да јаде Заев да се вози во луксузни лимузини, реагираше опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Сто илјади евра, колку што чини новото возило на Заев, се пари со кои можат да се купат две нови болнички возила за лекарите да не ни ги носат пациентите во раце по планини, реагираше опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
„100.000 евра, се пари со кои може да се купи едно противпожарно возило за да не мора Јоцо Манго од Струмица да го вози Фапот стар над 40 години, а тие кои што го чекаат да се молат да заврне дожд и да го изгасне пожарот зашто возилото нема да дојде. Заев за 100.000 евра колку што платил за новиот автомобил можел да набави 5.000 таблети за учениците и со тоа ќе имало насмевка на лицата на 5.000 дечиња. 100.000 евра колку што чини новото возило на Заев се неколку операции за некои наши сограѓани кои собираат пари преку донации. Ароганцијата на Заев е видлива. Надменоста со која гледа над народот ќе му се удри од глава. На 17 октомври народот ќе му го каже одговорот на прашањето што мисли додека тој нема леб да јаде Заев да се вози во луксузни лимузини“, се вели во реакцијата.
Како што може да се забележи на фотографиите што ги објавија дел од медиумите, лидерот на СДСМ пристигна на митингот во Битола со автомобил БМВ со струмички регистарски таблици.