ЗАЕВ СЕ ПОПИША Попишувачот го пречека во неговиот дом во Струмица
За оваа операција да биде целосно успешна останува и понатаму апелот, нагласил премиерот Заев, да ги пречекате попишувачите и низ едноставна постапка и за многу кратко време секој граѓанин да го даде својот придонес и со тоа да имаме успешен попис како гаранција за сигурна и предвидлива иднина за сите нас.
Македонскиот премиер Зоран Заев утринава ја исполни законската обврска и се попиша со своето семејство во својот дом во Струмица. Според него, со пописот државата, јавните институции, локалната власт и бизнис заедницата ќе можат да обезбедат подобар живот за сите граѓани на Северна Македонија.
„Остануваат уште четири дена до крајот на најважната и најсложена статистичка операција – Попис на населението, домаќинствата и становите, којашто ја спроведува Државниот завод за статистика. По 20 години, конечно нашата држава ќе добие релевантни и актуелни податоци кои понатаму ќе бидат основа за креирање на реални политики кои во целост одговараат на потребите на граѓаните, рекол Заев“, стои во соопштението од владиниот Сектор за односи со јавноста.