Заев се пофали со второто место по индексот за интегритет во одбраната

Премиерот тврди дека борбата за транспарентност и борбата со корупцијата нема да запрат.

305

Денес добивме одлични вести од рангирањето на Транспаренси Интернешнел, кои во обемната студија спроведена во земјите од Централна и Источна Европа (ЦИЕ) го скенираа интегритетот на владите во секторот одбрана. Ние сме на високото второ место и се наоѓаме пред четири земји – членки на ЕУ и шест земји членки на НАТО, објави на својот фејсбук профил премиерот Зоран Заев.

Тој им честита на министерката за одбрана Радмила Шекеринска и на сите вработени во Министерство за одбрана за овој голем успех.






Борбата за транспарентност и борбата со корупцијата не запираат, продолжуваме напред уште подобро и уште похрабро!, напиша Заев.

Поврзани содржини