Заев се пофали дека дошла правдата и дека сега секој може да има мир

Премиерот смета дека е тоа начинот на кој треба да бидат спроведени и довршени сите предмети за организиран криминал и против Уставот и достоинството на граѓаните.

724

Правосудниот систем e независна власт и денес гледаме дека ги има сите околности да спроведува истрага без влијанија и да организира обвинителска и судска постапка во која важат само доказите и одредбите за фер и правично судење, за секој без исклучок, напиша на својот фејсбук профил  премиерот Зоран Заев, по соопштувањето на пресудите за предметот  „Таргет-Тврдина“.

Според него, тоа е начинот на кој треба да бидат спроведени и довршени сите предмети за организиран криминал и против Уставот и достоинството на граѓаните.






„Го ослободивме патот по кој денес дојде правдата. Граѓаните, државата, институциите и системот – тоа сме ние. Сите ние, секој од нас денес може да има повеќе мир за себе, во себе. Бидејќи, кога има правда има и мир!“, пишува меѓу другото Заев.

Тој додава:

„Времето на неказнивост и на привилегии на криминалните актери го оставаме во историјата“.

 

Поврзани содржини