„ЗАЕВ СЕ ЈАВИ, ЗА ДА МУ ПОКАЖЕ НА ФИЛИПЧЕ КОЈ ГО ВОДИ СДСМ“ Целта е да се заштити елитата на партијата, вели Николоски

Човекот кој ги нанесе најголемите национални порази на Македонија, најголемите национални предавства и во чие што време криминалот цветаше и се случија најголемите корупциски афери, наеднаш се појавува во кампањата за да му покаже и на Венко Филипче и на СДСМ кој во суштина ја води партијата, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

398

Денешната реакција на поранешниот лидер на СДСМ Зоран Заев на обвинувањата за наводни куферчиња пари од поранешниот премиер на Бугарија, од ВМРО-ДПМНЕ ја оценуваат како израз на паника и страв. Според потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, реакцијата на Заев е доказ дека лидерот на СДСМ во сенка е токму Зоран Заев.

– Човекот кој ги нанесе најголемите национални порази на Македонија, најголемите национални предавства и во чие што време криминалот цветаше и се случија најголемите корупциски афери, наеднаш се појавува во кампањата за да му покаже и на Венко Филипче и на СДСМ кој во суштина ја води партијата. А дека имаат концесии кон источниот сосед многу јасно говори и декларацијата што ја понудија во македонското Собрание на само неколку дена пред почетокот на кампањата, која очигледно Заев ја пишувал, а Венко Филипче ја поднесе – рече Николоски на денешната прес-конференција.






Целта на ова СДСМ, според Николоски, е да се заштитат одредени елити во партијата.

– Многу е јасно дека ваков СДСМ има само една цел, а тоа е да заштити одредени елити во рамки на самата политичка партија и затоа е толку голем отпорот кон реформи во судството и во обвинителство и тоа е последниот бастион на неколку елити во СДСМ. Овој СДСМ служи само на Зоран Заев и на ДУИ и Али Ахмети, кои гледаат повторно можност и шанса во политиката – рече Николоски.

Затоа, според Николоски, е потребна масовна референдумска излезност на изборите и тие да завршат уште во првиот круг на 19 октомври.

Поранешниот лидер на СДСМ Зоран Заев денеска преку објава на Фејсбук одговори на обвинувањата од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за наводни „куферчиња пари од поранешен премиер на Бугарија“. Во објавата, Заев ги отфрли ваквите обвинувања како лаги и клевети, оценувајќи дека станува збор за обид на премиерот Христијан Мицкоски да го пренасочи вниманието на јавноста од неговите, како што вели, неуспеси.

Поврзани содржини