ЗАЕВ САКА ЛЕКАРИ ЗА ДИРЕКТОРИ Тие се политички избор, а оставките се во архива

Повеќе од 80 отсто од директорите во здравствените установи се со трајни решенија, а меѓу нив, освен лекари, има и економисти.

433

Политичка е одлуката кој ќе биде директор на здравствените установи, како и за сите други институции, но во основа, условот за избор е сепак стручноста, рече денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарски прашања.

Според него, лекарите можат да придонесат многу и со својот општествен ангажман, не само професионален. Затоа голем број од нив се на директорски позиции. Повеќето се поставуваат како вршители на должност, но потоа се дава можност на компетативна основа да се јават сите.






Како што рече Заев, повеќе од 80 отсто од директорите во здравствените установи се со трајни решенија, а меѓу нив, освен лекари, има и економисти.

– Политички се поставуваат најголемиот дел од директорите и на здравстените институции зашто политичката одговорност граѓаните ја пренесуваат на политичарите и политичките партии и тие ја преземаат преку свои политичко поставени раководни структури. Друго е што голем дел од директорите на здравстените институции се поставени на експeртска база. Но, политичка е одлуката да биде тој, а не другиот, зашто веруваме дека правото да управуваме со институциите доаѓа со одговорноста на институциите. Наша желба е пред сѐ, лекари да ги водат здравстените институции и затоа најголем дел од директорите се лекари, иако има и економисти – објасни Заев.

Тој додаде и дека она што го зборуваме во суперлатив за нашите лекари важи и во делот на нивниот општествен ангажман, не само професионален. Тие се застапени во кандидатуртите за градоначалници, советници, пратеници, високи носители на извршната власт, па и на директорските позиции зашто имаат знаење, квалитет, општествено се одговорни и многу може да придонесат за системот на државата.

Владиниот портпарол Душко Арсовски на денешната прес-конференција соопшти дека оставките на министерот за здравство Венко Филипче и неговиот заменик Илир Хасани се доставени до премиерот и се архивирани, а дека нивната содржина не отстапува од она што двајцата јавно го споделија.

Премиерот, рече Арсовски, веќе објасни дека проценката и одлуката по однос на поднесените оставки ќе ја базира, исклучиво на фактите од истрагата, согласно утврдените причини за избувнувањето на пожарот во модуларната болница во Тетово.

– Очекувањата се тоа да се случи во следниот период. Премиерот, исто така, апелираше за брза и темелна истрага – изјави Арсовски.

Поврзани содржини