ЗАЕВ САКА ДА ЈА НАМЕТНЕ БУГАРИЈА ВО КАМПАЊАТА Остра реакција на ВМРО-ДПМНЕ по најавата на премиерот за ретуширање на историјата

Се надеваме дека баш со оваа постапка ја исплаќа поволната анкета на бугарските газди од агенцијата што многу сака Заев да води и да победи, а со која си го храни членството и своето его, а и самиот знае дека е лажна. Заради ова ли Бугарите сакаат да победи?, наведува ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата.

812

Неодговорен, несовесен, ненаучен и игнорантски, пристап на власта и Зоран Заев кон прашањето со Бугарија, надополнето со нула однос и емоција кон идентитетот и историјата на нашата земја, реагира ВМРО-ДПМНЕ по вчерашната изјава на Заев дека од учебниците ќе се брише зборот „бугарски“ пред „фашистички окупатор“.

„Впрочем, исто каков што им е односот кон сѐ што е важно за овој народ и земја, како што имаа однос кон лицата кои трагично го загубија животот во тетовската болница, како што имаа катастрофален и неодговорен однос кон настраданите од пожарите, кон земјоделците, кризата со ковид. Така и сега, ноншалантно се пристапува кон вакво суштинско прашање заборавајќи на Конвенцијата предложена од ВМРО-ДПМНЕ, а изгласана од сите вклучително и партијата на Заев во Парламентот.






Се сомневаме дека овие потези на Заев се за да ја наметне темата со Бугарија во кампањата за да им каже на странците кои веќе кренале раце од него, еве јас сѐ ќе прифатам, спасувајте ме на избори. А, не сфаќа Заев дека тука гласаат граѓаните на оваа земја, и дека меѓународниот фактор веќе го запозна многу добро, знаат сѐ што се случува и што сѐ прави овој човек, и нема повторно да паднат на неговите измами, едноставно нема да бидат вовлечени. Ако гледате, Заев очајно бара кавга на етнички и национални теми, и за негова жал веќе сите го читаат и се чудат до каде е спремен да оди. И сега е најопасен за себе и за јавноста. Едноставно со ваков човек не може да очекувате некаква иднина освен да е сѐ исто како што е досега. Се надеваме дека баш со оваа постапка ја исплаќа поволната анкета на бугарските газди од агенцијата што многу сака Заев да води и да победи, а со која си го храни членството и своето его, а и самиот знае дека е лажна. Заради ова ли Бугарите сакаат да победи? За да ја ретушира сопствената историја? Да прави постапки поради кои цел свет ќе се чуди?“, се наведува во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини