Заев: Резултатите од пописот нема да влијаат врз стекнатите права

Тоа е статистичка и реална постапка. Нема да има никаква рефлексија во делот на стекнати права, рече премиерот.

382

Каква било бројка на процентуална застапеност да покаже пописот, тоа нема да се одрази врз стекнатите права, Уставот, законите, рече во одговор на новинарско прашање премиерот Зоран Заев.

Тој посочи дека бројките може да се релативни како резултат на слободното движење на луѓето.






– Тоа е статистичка и реална постапка. Нема да има никаква рефлексија во делот на стекнати права. Тоа се стекнати права и можни се варијабли, на заминување и враќање на граѓаните, во државата, професионални ангажмани, дефинитивно не треба и нема да влијаат на ниту едно од веќе воспоставените законски решенија – рече Заев.

Поврзани содржини