Заев прими втора доза

Од Владата велат дека премиерот се чувствува одлично и ќе го продолжи работниот ден согласно неговата агенда.

310

Премиерот Зоран Заев денеска ја прими втората доза на вакцината „Синофарм“ на вакциналниот пункт во спортската сала „Борис Трајковски“, соопшти Владата.

Оттаму велат дека премиерот се чувствува одлично и ќе го продолжи работниот ден согласно неговата агенда.






Премиерот Заев ги повикува сите граѓани кои досега не се регистрирале на порталот vakcinacija.mk тоа да го сторат што побргу со цел да постигнеме колективен имунитет и да прогласиме победа врз пандемијата предизвикана од ковид-19.

 

Поврзани содржини