Заев прифаќа тет-а-тет средба со Мицкоски

561

Премиерот Зоран Заев ја прифаќа понудата од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Тој во изјава за ТВ 21 вели дека ќе има средба, без да каже датум и време.

– Секако, да, прифаќам – вели Заев.






Заев, подоцна и на Фејсбук објави дека средбата е закажана за в понеделник.

„Договорена е средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во понеделник во 13 часот во Клубот на пратеници. Ќе разговарам со Мицкоски за најважните прашања од интерес на граѓаните со цел државата да ни оди напред“, напиша Заев на својот фејсбук профил.

Лидерот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски вечерва го повика премиерот Зоран Заев на тет-а-тет средба во Клубот на пратеници, за да разговараат за кризата со пандемијата, работата на Парламентот, за пописот, економијата, евроинтеграциите, изборите

Лидерот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски вечерва го повика премиерот Зоран Заев на тет-а-тет средба во Клубот на пратеници, за да разговараат за кризата со пандемијата, работата на парламентот, за пописот, економијата, евроинтеграциите, изборите…

– Стојам на располагање, ќе го прилагодам моето време, така како што нему му одговара, да разговараме за сите проблеми кои се од животно значење за граѓаните, од кризата со пандемијата до работата на парламентот. Зборувам за тет-а-тет средба како двајца претседатели на двете најголеми политички партии кои имаат повеќе од две третини пратеници во рамките на парламентот. Го повикувам, се надевам дека нема да бидам погрешно сфатен од страна на останатите политички лидери, бидејќи целта ми е навистина искрена. Целта е да се постигне консензус меѓу двете најголеми политички партии – рече Мицкоски во гостувањето во вестите на телевизијата Сител.

Поврзани содржини