Заев: Предметите од СЈО ќе добијат разрешница, платите ќе растат

Предметите од СЈО, кои со години лутаат во судските лавиринти, мора да добијат разрешница. Се обврзувам како премиер заедно со сите министри и заменици и влада ќе покажеме пред светот дека можеме уште повеќе и подобро, истакна лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

712

Доаѓа време на неселективно владеење на правото, истакна мандатарот Зоран Заев на денешната седница во Собранието.

Тој вети и реформи во правосудниот систем.






Првиот чекор, е веќе направен од страна на Антикорупциската комисија, за испитување на имотната состојба на судиите и јавноте обвинители. Исто така се проверува и работата на судиите. Судиите за кои ќе се докаже дека свесно застарувале предмети ќе бидат разрешени. Предметите од СЈО, кои со години лутаат во судските лавиринти, мора да добијат разрешница. Се обврзувам како премиер заедно со сите министри и заменици и влада ќе покажеме пред светот дека можеме уште повеќе и подобро. Нашата држава веќе подолг период се наоѓаме во деликатна ситуација која се заканува врз здравствениот систем и економијата. Со овој избор на влада го комплетираме системот на силни институции кои ќе работат за надминување на пандемијата и последиците од корнавирусот – рече Заев.

Заев истакна дека во програмата е вградена определбата за засилено исполнување на стратешките определби на земјата и борба за економски раст и ефикасно правна држава, внатрешна кохезија и модерно образование.

– Економскиот раст е на првите страници на програмата на владата. Покажавме дека можеме да обезбедиме повисок економски раст со повисоки плати и пензии и да се постигне историски најмала невработеност. Платите ќе продолжат да растат и ќе ги помагаме социјално ранливите категории – рече Заев.

Поврзани содржини