ЗАЕВ ПРЕДЛАГА ЧОВЕК СО КРИМИНАЛНО МИНАТО Фрчковски за амбасадор во Њујорк е неприфатлив предлог за ВМРО-ДПМНЕ

Фрчкоски е човек којшто со своето насилно однесување ја скандализирал македонската јавност повеќе пати во минатото. Фрчкоски не може да биде амбасадор во ОН, најголемата организација која ги промовира и ги штити човековите права и мирот во светот, соопшти опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

1,086

Љубомир Фрчкоски е неприфатлив за амбасадор на САД, и доби црвено светло од Вашингтон. Заев наместо да ја сфати пораката. тој го предлага за амбасадор во Обединетите нации (ОН), реагираше опозициската ВМРО-ДПМНЕ откако собранискиот спикер Талат Џафери денеска соопшти дека универзитетскиот професор Љубомир Фрчковски е предложен за амбасадор во Њујорк.

„Спасувачката мисија на Заев завршува со уште еден меѓународен блам. Заев сака да го прати Фрчкоски во Њујорк, на територија на земјата која веќе го одби. Тоа е дипломатски аматеризам и дилетантизам. Заев предлага човек за амбасадор во ОН кој има сомнително криминално минато. Фрчкоски беше посочен од криминалецот Љубомир Магаш како министер кој учествувал во шверцот на нафта и цигари во 90-тите. Љубомир Фрчкоски е докажан женомрзец и тепач на жени. Фрчкоски беше обвинет од сопствената сопруга дека ја тепал и ја малтретирал. Фрчкоски тепаше студенти на универзитетски кампус. Фрчкоски е човек којшто со своето насилно однесување ја скандализирал македонската јавност повеќе пати во минатото. Фрчкоски не може да биде амбасадор во ОН, најголемата организација која ги промовира и ги штити човековите права и мирот во светот. Тоа е исто како да внесете слон во продавница за порцелан“, реагираше ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

Поврзани содржини