Заев: Пред 27 години нашата државност, нашиот идентитет и култура беа признаени од меѓународната јавност
Пред 27 години нашата државност, посебност, нашиот идентитет и култура беа признаени и верификувани од целата меѓународна јавност, од целиот свет, напиша лидерот на СДСМ Зоран заев на својот фејсбук профил по повод 27-годишнината од приемот на земјава во Обединетите нации.
– Република Северна Македонија 27 години членка на ООН. На денешен ден се навршуваат 27 години од нашето членство во Организацијата на Обедитените Нации, најголемата и најзначајна светска организација. Пред 27 години нашата државност, посебност, нашиот идентитет и култура беа признаени и верификувани од целата меѓународна јавност, од целиот свет – пишува Заев на Фејсбук.
Ако членството во ООН во далечната 1993 година, како што додава, беше остварување на нашиот државнички стремеж, денес членството во НАТО и преговорите со ЕУ е остварување на нашиот стремеж Република Северна Македонија да биде рамноправен партнер и сојузник на развиениот демократски свет.
– Денес, Република Северна Македонија е признаена и препознаена како слободна, демократска земја – држава пријател на регионот и светот – пишува лидерот на СДСМ Зоран Заев.