Заев постојано главен јунак, Спасовски епизодист

2,257

Ја гледате ли системската предиспозиција на нашите властодршци и нивната полтронска свита?

Банда газолизачи и култори на личноста: Заев лично координирал, Спасовски го насамарил Мијалков – цело време еден-двајца херои ја спасуваат и прават силна државата.

Но, знаете ли што ја прави силна една држава?!

Не ја прават овие просеравања, ниту неколку платени апологети.

Силната држава и системот ја прават сите оние бројни луѓе, службеници на државата, кои секојдневно работат за нејзино добро.

Државата ја прават дипломатите, обвинителите, судиите, војниците, полицајците, функционерите, учителите, лекарите и многу други кои совесно и тивко си ја работат дневната работа, без ловорики на главата.

Системот би бил добар кога без разлика на тоа кој е премиер или министер (кои во нормалните држави си одат и доаѓаат, и не се вечни) јавниот апарат ќе функционира, ќе се формира, регенерира, реформира и подобрува и самиот од себе, затоа што здраво ќе биде поставен.

Знаете ние до каде сме со тоа и колку, всушност, сме далеку од такво нешто?!

Е па ете ви одговор зошто постојан херој ни е Заев, а епизодист Спасовски.

Тоа е нивниот ментален и системски хоризонт.

(ФБ статус на авторот, насловот е редакциски)

Поврзани содржини