Заев, после ваков кикс се поднесува оставка!
Се е погрешно во менталниот склоп на Заев, ова е доказ до каде на еден политикант му тежи историјата и националниот континуитет.
Таблите и спомениците кои сведочат за антифашистичката борба и жртвите на бугарскиот фашистички окупатор, не се спомениците на Груевски, па да ги ликвидираш со некаков договор. И ако нешто заслужува да биде прогласено за светско историско и културно наследство, тогаш тоа се овие споменици за кои Заев се фали дека ги елиминирал.
Кој ти го дал тоа право, како и правото да ја негираш и ревидираш, релативизираш нашата најголема историска борба, жртвите и спомените на нашите предци, отпорот кој ја создаде македонската држава во рамките на Југославија, по што го кодифициравме нашиот јазик и ги институционализиравме сите наши национални, културни и обичајни карактеристики?
Се е погрешно во менталниот склоп на Заев, ова е доказ до каде на еден политикант му тежи историјата и националниот континуитет.
После ваков кикс, се поднесува оставка, се пакуваш, си заминуваш, пошто не може политичар со памет на пазараџија, кој вака ја издава историски исправната позиција на својот народ и држава, да продолжи да ја води земјата.