ЗАЕВ ПОПУСТО СЕ НАДЕВА НА ПРЕСВРТ Во Скопје битката е извесна, ќе победи Данела Арсовска, вели Николоски

Во вториот круг очекувам да порасне излезноста, затоа што имаше сериозни заплашувања од власта кон гласачите, особено во одредени средини, очекувам тој страв да се надмине, да се зголеми излезноста, а на тој начин и поддршката кон ВМРО-ДПМНЕ ќе е поголема - заклучи Николоски.

1,030

Во однос на вториот круг од локалните избори потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, вечерва во „Трилинг“, на ТВ 24 истакна дека во Скопје битката е извесна, дека граѓаните веќе гласале против Петре Шилегов, а Данела Арсовска е новиот градоначалник, како и тоа дека е потребен широк опозициски фронт и обединување на партиите и граѓанските движења за создавање на новата иднина.

Николоски потврди дека иста е ситуацијата и со Охрид и со Битола и останати градови каде ВМРО-ДПМНЕ има предност.






Тој додаде дека дека попусто Зоран Заев се надева на пресврт кога тоа е невозможно, затоа што јасна е волјата и тенденциите на граѓаните.


– Сега е потребен еден широк опозициски фронт, широко опозициско обединување, затоа што опозициското расположение на Македонија е јасно и сега истото треба да се материјализира, ние сме за соработка со сите коишто оваа влада не работи добро и дека се потребни промени, а тие промени носат различни идеи, а ВМРО-ДПМНЕ не претендира да е единствената политичка сила која ќе ги направи промените – вели Николоски.


Николоски смета дека клучни се исто така и граѓанските движења кои беа застапени на овие избори, кои излегле со одлични идеи и проекти, решенија на локалните проблеми кои градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ се спремни заедно со нив да ги реализираат.


– Во вториот круг очекувам да порасне излезноста, затоа што имаше сериозни заплашувања од власта кон гласачите, особено во одредени средини, очекувам тој страв да се надмине, да се зголеми излезноста, а на тој начин и поддршката кон ВМРО-ДПМНЕ ќе е поголема – заклучи Николоски.

Поврзани содржини