Заев: Попис ќе има, предвремени парламентарни избори ќе нема

Локални избори заедно со парламентарни нема да има. Ја повикувам секоја партија којашто мисли дека треба да има, нека се изјасни јавно, рече премиерот.

423

Нема да има предвремени парламентарни избори заедно со локалните, дециден беше денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференцијата по потпишувањето на договорот за грант за енергетска ефикасност со германската КфВ банка.

– Локални избори заедно со парламентарни нема да има. Ја повикувам секоја партија којашто мисли дека треба да има, нека се изјасни јавно. Коалиционите партнери – владини и тие што го сочинуваат парламентарното мнозинство апсолутно се на ставот дека во државата треба конечно да има редовни избори – рече Заев.






Во врска со пописот, премиерот уште еднаш нагласи дека тој треба да се одржи како што е предвидено, како и дека податоците од пописот се важни за државата и за планирање на нејзиниот развој.

Поврзани содржини