Заев: Поднесовме пријави за новите „бомби“

На констатацијата дека има бомби и за опозицијата, лидерот на СДСМ истакна дека пријавите ги поднеле за сите што објавуваат без разлика дали таргет е опозицијата, дали таргет е Заев, владејачката партија или опозициската партија или кој било граѓанин. 

743

Поднесовме веќе кривични пријави за незаконско прислушување, за незаконско снимање кое што се случува и бараме тоа да се истера на крај. Не заради тоа што се плашиме од тие разговори, а тоа е пример како треба да се однесуваат и сите други коишто се цел на вакво незаконско прислушување, рече на СДСМ Зоран Заев во интервју за МИА.

– Прво сакаме да престане ова заради тоа што еден дел од граѓаните стрепат за приватноста и треба да знаат дека секој има право да тужи макар другар со другар да се снимаат па да објави. Тоа е незаконски, недозволиво и треба да го знаат. Втората работа, политиката нели рековме да биде пример за сите и тоа е недозволиво, затоа тоа јавно го направивме односно транспарентно да знаат сите дека има работи во државата коишто се забранети и затоа процесуиравме пријави. Но секако само да дополнам овде, грозотијата која што ја слушаме во целото тоа, насилството на луѓе кои тоа што го правеле зборувајќи директно со своите гласови, носители на листи навистина е за голема казна од страна на граѓаните – истакна Заев.






Поранешниот премиер тврди дека од 1 јуни 2017 наваму нема никакво прислушување.

– Законот вели дека е кривично дело незаконското прислушување дури и кога седиме на состанок и некој снима не мора телефонски да разговараме, снимањето е недозволиво, секако освен ако е објавено јавно за потребите на стенограми или било што од одредени состаноци.За тоа треба да постои одговорност. Но нека им е на чест на нашите опоненти тоа што го прават со цел – вели Заев.

На констатацијата дека има бомби и за опозицијата, лидерот на СДСМ истакна дека пријавите ги поднеле за сите што објавуваат без разлика дали таргет е опозицијата, дали таргет е Заев, владејачката партија или опозициската партија или кој било граѓанин.

Поврзани содржини