Заев побара разрешување на Лидија Димова

867

Премиерот Зоран Заев на седницата на владата го прифатил барањето на вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски  и ќе му препорача на Управниот одбор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност да ја разреши директорката Лидија Димова, информира владата.

Се бара Димова да биде разрешена од директорската функција заради неетично постапување во извршувањето на нејзината функција, поврзано со индиции за несоодветно финансиско работење и за негрижа за одржувањето на имиџот на институцијата во јавноста.






Од владата информираат дека оваа постапка ја овозможува членот 23 од Етичкиот кодекс, според кој претседателот на владата може да побара политичка одговорност, односно барање за поднесување на оставка на носителот на извршна функција или предлог за негово разрешување, и да покрене иницијатива за информирање на надлежни институции, при што врз основа на сознанијата и одлуките на Управниот одбор, ќе се запазат сите постапки за гарантирање на принципот за презумпција на невиност.

Поврзани содржини