Заев појасни што ќе работи вицепремиерот за борба против корупција
Љупчо Николовски ќе ги координира институциите кои се борат против корупција, појасни Заев
Новиот вицепремиер за борба против корупцијата одржлив развој и човечки ресурси која ќе ја врши генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски ќе ги координира институциите кои се борат против корупција, појасни на прес-конференцијата лидерот на СДСМ, Зоран Заев по седницата на Централниот одбор на партијата.
Според него, Николоски ја носи одговорноста за исправноста на кадровските одлуки, а воедно, ќе треба да воспостави комплетна контрола за криминал и корупција за поставените функционери на извршната власт.
– Имаме дефинирани сектори и одделенија за борба против криминалот и корупцијата во многу институции во државата. Тие си ја задржуваат својата изворна надлежност. Ако сакаме да постигнеме навистина резултати коишто не ние политичарите ќе ги кажеме, туку граѓаните, успешното координирање на ваквите процеси ќе дадат еден успех повеќе. Зашто прво за борба против криминал и корупција е Јавното обвинителство и судските органи. Тие по Устав и по Закон си ја имаат својата надлежност. Тој може да се постави и во делот на превенцијата, и во делот на докажувањето, спроведувањето на етичките кодекси, организирање на самите институции – рече Заев.