ЗАЕВ ОТКРИ ШТО ПОБАРАЛ РАДЕВ Тоа е патоказот, кратко и долго име, немешање во внатрешни работи

Премиерот рече дека Македонија е подготвена да и понуди на Бугарија да биде втората земја која ќе го чува македонското небо, затоа што Грција е првиот партнер во оваа област.

2,631

Конкретните решенија кои ги бара претседателот Радев, а кои верувам дека ќе ги сработиме до крајот на годината, се патоказот, кратко и долго име, немешање во внатрешните работи и секако преговарачката рамка на ЕУ со Бугарија, одговори премиерот Заев на новинарско прашање поврзано со барањата од претседателот Радев за деблокада на преговорите.

Тој верува дека сите овие месеци наназад двете земји градат дополнително пријателство, трговијата расте, има меѓусебни инвестиции во двете земји, повидлива е соработката меѓу институциите. Исто така инфраструктурата помеѓу двете земји се повеќе се подобрува, затоа што се важни севкупните соработки и инфраструктурни поврзаности меѓу Македонија и Бугарија.






– Конкретно ќе биде потребна дипломатска нота на којашто ќе се опишува дека краткото име е исто со долгото име, односно Северна Македонија е исто со Република Северна Македонија и дека нема територијални претензии. Дека нема да се мешаме во внатрешните работи, вклучително и за малцинските права, затоа што станува збор за граѓани на Бугарија и тие го имаат своето право како луѓе и поединци. Секако и сите секторски соработки помеѓу институциите од сите области – објасни Заев.

Премиерот рече дека Македонија е подготвена да и понуди на Бугарија да биде втората земја која ќе го чува македонското небо, затоа што Грција е првиот партнер во оваа област.

– Трета важна работа е да реагираме во спречување на говорот на омраза, пред сè самите институции да водат грижа низ сите свои активности да градат пријателство и да не провоцираат одредено непријателство и да се делува со апели и разговори кога се работи до приватни субјекти. За бројните споменици кои ги има во двете земји, не смее фашизмот да има етничка димензија – вели премиерот.

Поврзани содржини