Заев освен со Ахмети и со Тачи договори соработка за локалните и со Касами
Со претседателот на Беса, Билал Касами се согласивме дека партнерството во нашата коалиција ќе продолжи да се развива и на претстојните локални избори, информира Заев на Фејсбук.
Премиерот Зоран Заев во објава на Фејсубук најави дека партнерството со Беса ќе продолжи и на претстојните локални избори, споделувајќи фотографии од средба со лидерот на Беса Билал Касами.
„Со претседателот на Беса, Билал Касами се согласивме дека партнерството во нашата коалиција ќе продолжи да се развива и на претстојните локални избори, за кои согласно спецификите на различните општини ги бараме и утврдуваме најдобрите кандидати кои ќе го дадат најдобриот резултат за нашиот народ“, напиша Заев.
Тој вели дека коалицијата СДСМ – Беса минатата година поставила нови стандарди во современото политичко дејствување. Денес, вели Заев, оваа соработка е на уште повисоко ниво и дава одлични резултати низ работата на Владата.