Заев, Османи и Бектеши опремени за навивање во Букурешт
Премиерот и двајцата министри попладнето заминаа за Букурешт каде што нашата фудбалска репрезентација се среќава со Австрија.
Премиерот Зоран Заев заедно со министрите за надворешни работи и економија Бујар Османи и Крешник Бектеши попладнево заминаа за Букурешт каде што ќе го следат првиот настап на нашата фудбалска репрезентација на Европското првенство во фудбал против Австрија.
„Доаѓаме за да ги поддржиме македонските репрезентативци. Заедно сме посилни, само сплотени можеме да успееме. Напред момци, цела држава навива за вас!“, напиша Заев на Фејсбук.