Заев: Од октомври продолжуваат разговорите за брендовите меѓу С.Македонија и Грција
Премиерот Зоран Заев информира дека бренсовите ќе бидат дел и од денешните разговори меѓу него и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.
Бренд имињата на продоизводите, избегнувањето на двојното оданочување, заштита на инвестициите и Договорот од Преспа покрај другото ќе бидат тема на разговор на денешната средба на премиерите на земјава и Грција, Зоран Заев и Киријакос Мицотакис.
Оваа денеска во панел дискусијата посветена на Западен Балкан во рамките на конференцијата на „Економист“ го изјави премиерот Заев.
– По нашите избори, треба да продолжиме да разговараме за да најдеме начин како да ги решиме бренд имињата на продуктите – рече Заев.
Премиерот Зоран Заев најави дека во октомври ќе има средба на коморите од двете земји, а експертска група ќе работи на проблемот.
– Во октомври, коморите од Грција, од Солун и Атина ќе бидат во Скопје за да разменат идеи, а потоа експертската група ќе продолжи да бара решение на оваа проблематика – рече Заев.
На панелот, Заев се осврна и на економската ситуација во земјава и на трговските односи со Грција, кои бележат раст од 20 отсто по Договорот од Преспа.
Притоа тој рече дека граѓаните и бизнисмените ја следат позитивната клима и изрази надеж дека по кризата со коронавирусот ќе продолжи да се зголемува трговската размена меѓу двете земји.