Заев: Очекувам Чулев да ги викне и Мицкоски и Камчев на сослушување

заев рече дека ги следи настаните околу Дончев, бидејќи, тој бил директор на Фондот за здравство.

684

Лидерот на СДСМ Зоран Заев  денеска изјави дека внимателно ги следи случувањата околу „бомбите“ поврзани со Ден Дончев, бидејќи, како што рече, тој беше директор на Фондот за здравство. Но, како што рече очекува министерот за внатрешни работи да ги сослуша и Христијан Мицкоски и Орце Камчев, бидејќи и за нив има видео снимки.

– Внимателно ги следам настаните од ваков аспект, зашто Ден Дончев беше директор на Фондот за здравство. Против Дончев се води и  постапка во јавното обвинителство на пријава на еден од сопствениците на „Дијамед“, а се води постапка и против „Дајмед“. Тоа го соопшти обвинитеството. А начинот на кој што министерот Наќе Чулев го прави е секако заради почитички цели, бидејќи јавното обвинителство дава налог некој да биде повикан, да биде сослушан. А министерот Чулев тоа го прави како политичка пропаганда за да покаже дека каков ќе биде кога ќе биде на власт – рече Заев.






Тој рече дека очекува министерот Чулев да го повика и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски Орце Камчев и другите за кои излегоа видео снимки.

– Кога тргнаа со ваквите, еве очекувам како што слушнав денеска да го викнат и  Мицкоски, да го викнат и Орце Камчев баш по истите аршини на сослушување како што го направија тоа со Ден Дончев – рече Заев.

Поврзани содржини