ЗАЕВ ОЧЕКУВА РЕШЕНИЕ СО БУГАРИЈА Утре ќе има средба со Радев, Макрон и Меркел
Тоа е насочено за сите 6 земји. Пораката колку биде почиста и попрецизна и пофер е дополнителна мотивација и стимул за сите да продолжат да работат, вели премиерот.
Секогаш сакам да бидам оптимист, но и реалист. Утрешниот самит во Словенија не се одлучува. Не можеме да очекуваме отворање на поглавја, ниту закажување на првата меѓувладина конференција, рече премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање.
Според него, утре очекуваме да имаме јасни и чисти пораки од ЕУ за интеграцијата на Западен Балкан.
– Тоа е насочено за сите 6 земји. Пораката колку биде почиста и попрецизна и пофер е дополнителна мотивација и стимул за сите да продолжат да работат. 16 години чекаме, а со нас е врзана и Албанија и очекуваме дека позитивната порака за прва меѓувладина конференција ќе биде до крајот на годината – изјави Заев.
Потврди дека утре на работен појадок започнува средба со комесарот Вархеји и премиерот на Словенија, како и дека ќе се сретне со бугарскиот претседател Румен Радев, германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон за да се најде изнаоѓање на решение и надминување на дијалогот со Бугарија.