Заев: Објавените разговори потврдуваат дека ВМРО-ДПМНЕ е во бунило, ги промовираат демократските политики на СДСМ
Имаше шпекулација за таканаречениот Чауш којшто е член на Социјалдемократскиот сојуз, дека имал разговори, па дека тие се пуштале, таму се потврдува дека возможно е Чауш којшто е Албанец но и некој други да има допир, но од кога биле селектирани од кај мене бомбите дадени за преведување за да можат да бидат објавувани- рече Заев.
Разговорите докажуваат дека сум бил уверен дека граѓаните на нашата земја ќе поддржат демократски, а не режимски политики, токму тоа и го потврдуваат. Тоа се докажа на изборите, и на претседателските и на локалните избори – одговори денеска лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на прашањето како ги коментирате вчера објавените телефонски разговори за којшто се тврди дека се слуша вашиот глас, соопштија од оваа партија.