ЗАЕВ ОБЈАСНУВА ЗОШТО ПРИТВОРЕНИОТ РАШКОВСКИ СЕ ШЕТА НИЗ АЕРОДРОМ Судот му дозволил да оди на лекар

Правосудните органи и МВР соопштија дека има дозвола од суд во точен период кога да оди на лекар. Тоа го прочитав од медиумите. Не знам зошто е виден да оди слободно или не. Знам дека со решение има точно предвидено време кога да оди на лекар заради здравствени потреби - рече Заев.

958

Премиерот Зоран Заев денеска одговарајќи на новинарски прашања за поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски, рече дека она што тој го знае е дека Рашковски има решение од суд со кое му е дозволено во точно определено време да оди на лекар заради здравствени потреби.

Медиумите вчера објавија фотографија на која се гледа како Рашковски се движи по улица во Аеродром






Премиерот Зоран Заев вели дена не знае зошто Рашковски, е виден како се движи надвор од домот додека е во куќен притвор и нагласува дека информацијата која ја има е од медиумите, а тоа е дека има дозвола од суд за да оди на лекар.

– Правосудните органи и МВР соопштија дека има дозвола од суд во точен период кога да оди на лекар. Тоа го прочитав од медиумите. Не знам зошто е виден да оди слободно или не. Знам дека со решение има точно предвидено време кога да оди на лекар заради здравствени потреби – рече Заев.

Поврзани содржини