ЗАЕВ НИЗ МАКЕДОНИЈА ОДЕШЕ СО ДРЖАВЕН ХЕЛИКОПТЕР Министрите од СДСМ и ДУИ и за до Ниш палеа авион – обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ

Ваквата искористеност на владиниот авион сега придонесе за сервис кој чини 1 милион евра кои ќе биде платен од буџетот на граѓаните, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

605

Од 30 дена, владиниот авион министрите на ДУИ и СДСМ  го користеле 25 дена. Меѓудругото и за летови до Ниш. Ваквата искористеност на владиниот авион сега придонесе за сервис кој чини 1 милион евра кои ќе биде платен од буџетот на граѓаните. Воедно да не се заборави дека Заев на настани во Македонија одеше со државен хеликоптер, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСМ повторно покажува дека нема никаква визија или идеја за иднината на Македонија. Нивните празни зборови и бесмислени обвинувања не можат да ја прикријат нивната неспособност и корупција. Заради ваквиот однос на СДСМ, оваа партија доживеа историски пораз и забрзано тоне кон целосна нерелевантност.






Во периодот кога тие беа на власт, Македонија беше сведок на невидена економска стагнација, масовно иселување на младите и континуирани скандали.

Што се однесува до трошоците за кои СДСМ зборува, тие се далеку помали од оние кои беа направени во нивното време на власт. Не само што нивните трошоци беа целосно непродуктивни“ – истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Нема да дозволиме криминалците преку лажни обвинувања да го сведат ВМРО-ДПМНЕ на нивно ниво, велат од партијата на власт.

„СДСМ е партија на минатото, партија која го загуби контактот со реалноста и потребите на граѓаните. Наместо да критикуваат, нека понудат конкретни решенија за проблемите кои самите ги создадоа. ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на нашите ветувања и продолжува да работи за иднината на Македонија.

Најдобриот одговор на нивната демагогија е нашата посветена работа и резултатите кои ги постигнуваме. СДСМ може да продолжи со своите празни напади, но граѓаните веќе ги препознаваат и знаат кој вистински работи за нив.

ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да се бори за подобра Македонија, за нашите деца и за идните генерации“ – се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини