ЗАЕВ НИ ПРЕНЕСЕ ПОЗДРАВИ ОД ИСТАНБУЛ Заминал со Филипче, а се сретнал и со Петков

Заев истакнува дека е особено радосен што имал прилика да ги сретне, како што вели, „моите пријатели, поранешни и сегашни премиери, претседатели и други високи претставници од Словенија, Австрија, Црна Гора, Албанија, Шпанија, Бугарија, Романија, Катар и други“.

1,497

Итен прекин на војната во Украина, враќање на мирот и воспоставување дијалог наместо агресија – ова е главната порака од Форумот за дипломатија во Анталија каде деновиве заедно со Венко Филипче учествувам на покана на Претседателот на Турција, Ердоган и на МНР на Турција, Чавушоглу, објави на својот профил на Фејсбук поранешниот премиер Зоран Заев.

„Го искористив учеството на Форумот за придонес кон одржувањето на пријателството и унапредување на соработката со највисоки претставници на земјите од регионот и земјите членки на ЕУ со кои разговаравме за европската иднина на Северна Македонија, за безбедноста на нашата држава која ја обезбедивме преку нашето рамноправно членство во НАТО, за поддршката на регионалните соработки како што е иницијативата Отворен Балкан и за билатералните пријателски соработки на Северна Македонија со своите соседи“, наведува Заев.

Тој истакнува дека е особено радосен што имал прилика да ги сретне, како што вели, „моите пријатели, поранешни и сегашни премиери, претседатели и други високи претставници од Словенија, Австрија, Црна Гора, Албанија, Шпанија, Бугарија, Романија, Катар и други.

„Пренесувам дома пораки на поддршка од нашите пријатели од Европа и пошироко, кон сите македонски граѓани, кон претседателот на државата Пендаровски, кон претседателот на Собранието Џафери, кон пратениците од Парламентот и кон нашиот премиер Ковачевски“, додаде Заев, кој објави фотографија од средба од нога со бугарскиот премиер Кирил Петков.

Поврзани содржини