Заев: Нема ултиматум за краен рок за организирање на изборите
Треба да имаме консензус за ова прашање, рече Заев.
Првиот пригоден момент кој ќе го гарантираат здравствените избори треба да се оди на избори, изјави претседателот на СДСМ Зоран Заев во интервју за ТВ Сител каде што зборуваше за третиот пакт економски мерки на владата..
Тој рече дека нема ултиматум закраен рок за утврдување на датумот за организирање избори и дека на лидерската средба треба да се слушанат мислењата на сите партии.
– Треба да имаме консензус за ова прашање од сите партии. Да бидеме разумни и одговорни, треба да научиме да живееме со кризата, додека не се најде вакцина и треба да бидеме разумни и да ги вратиме во функција институциите како парламентот, политичката влада сите тие институции кои им се потребни на среден и на долг рок на граѓаните и на економијата – рече Заев.
Тој додеде дека пригоден термин за избори би бил секој пред есента кога започнуваат да работат училиштата кога се отвораат границите кога ќе има поголема фреквенција на луѓето што влијае на можноста на зголемување на бројот на заразени.