Заев: Нема суперпремиери на Балканите, не може повеќе од два мандата да се биде премиер

Премиерот и лидер на СДСМ најави подмладување на партиските органи на конгресот на партијата.

1,690

Премиерот Зоран Заев смета дека во земјава, па и во регионот, е доволно еден човек да биде на премиерска функција само два мандата.

– Мое мислење е дека со оглед на состојбите во земјава, па и на Балканите неможе да има суперпремиери. Еден човек не треба да биде повеќе од два мандата на премиерска позиција –  рече Заев.






Тој како лидер на СДСМ најави и подмладување на партиските органина конгресот закажан за мај. Ова доаѓа по најавата дека Радмила Шекеринска веќе нема да се кандидира за висока партиска функција.

 

Поврзани содржини